Српските студенти во финалниот избор за наградата „Сахаров“

Наградата, која е именувана по советскиот физичар и политички дисидент Андреј Сахаров, е највисокото признание на ЕУ во областа на човековите права

Студенти од Србија се најдоа во најтесен избор за престижната награда „Сахаров“ за слобода на мислењето, која се доделува од страна на Европскиот парламент.

Студентите се во конкуренција со притворените новинари Андржеј Поцабут од Белорусија и Мзија Амјлобели од Грузија, како и со новинари и хуманитарни работници од Палестина и конфликтни зони, соопшти денеска Европскиот парламент.

Одлуката за избор на тројцата финалисти од осумте предложени номинации беше донесена на денешното заедничко заседание на комитетите за надворешни работи и за развој на Европскиот парламент.

Изборот на добитникот на наградата „Сахаров“ за оваа година ќе го изврши Конференцијата на претседатели на Европскиот парламент, што ја сочинуваат претседателката на ЕП, Роберта Мецола и лидерите на пратеничките групи, по што тој ќе биде обелоденет на 23 октомври во рамки на парламентарната сесија во Стразбур.

Церемонијата за доделување на наградата „Сахаров“, која вклучува и паричен надомест од 50.000 евра, ќе се одржи на 16 декември оваа година во Стразбур.

Наградата, која е именувана по советскиот физичар и политички дисидент Андреј Сахаров, е највисокото признание на ЕУ во областа на човековите права. Таа се доделува на поединци, групи или организации како признание за нивната работа во поддршка на човековите права, слободата на изразување и демократските вредности.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни