Студентите од Србија кои вчера пристигнаа во Стразбур, денес според договорениот план ќе учествуваат во протестна прошетка до зградата на Европскиот парламент.
Тие се собраа пред Советот на Европа, каде што од 11:52 часот оддадоа почит за загинатите во Нови Сад. На 16-минутното молчење им се приклучија и граѓани.
Потоа студентите тргнаа во протестна прошетка до Европскиот парламент, при што ќе поминат и покрај зградата на Европскиот суд, каде што ќе ги остават своите транспаренти.
Во Европскиот парламент треба да ги примат пратеници од Словенија и Хрватска, а во 15 часот и заменик генералниот секретар на Советот на Европа, како и директорот за демократија, јавува новинарката на N1.
По средбите, студентите ќе го прочитаат своето писмо и ќе го предадат на сите пратеници и претставници на европските институции.