Шокантна изјава даде вчера српскиот министер за информации Борис Братина кој директно им се закани на студентите кои со месеци протестираат.
„Студентите не се свесни дека оваа полиција таму има право да ги тепа и убива“, изјави Братина за Танјуг. Според него, „студентите имаат право да протестираат уште од времето на југословенскиот диктатор Јосип Броз Тито, со цел да им дадат малку слобода на младите луѓе“.
Борис Братина се смета за еден од најблиските министри на претседателот Александар Вучиќ. Тој е познат по своите антиевропски и проруски ставови. За време на митингот во Белград на 24 март 2009 година, Борис Братина лично го запали знамето на Европската Унија и скандираше: „Србија – Русија, не ни треба Европската Унија“.
Одговор од студентите
Ваквата изјава на Братина поттикна лавина коментари во српската јавност, а со свој став се јавија и студентите во блокада.
„Ние ова го слушаме како генерација која веќе помина низ приведување, тепање и притисок. И знаеме што ова точно значи. Ова е директна закана упатена кон сите кои се на улица. Но сепак, не можат да не уплашат“ пишуваат студентите во блокада.