Среден дефектот – скопјани повторно добија вода

Саниран е дефектот и заменети се затворачите на главниот цевковод во Скопје, по што скопјани повторно добија вода од градскиот водовод.

Откако рано утрово 160 вработени во ЈП Водовод и канализација – инженери, водоинсталатери, техничари и оператори започнаа со санација и модернизација на водоводот, попладнево главниот цевковод е повторно наполнет со вода и делови од Скопје веќе добија вода.

Како што велат одговорните, денеска биле санирани пропусти поради кои скопскиот водовод трпел огромни загуби на вода изминативе 20 години.

Еден од поголемите дефекти кои се поправаа денес беше и на улицата Никола Парапунов во Карпош 4, каде што претходно десетина дена истекуваше вода и ги поплавуваше соседните улици.

Модернизацијата опфати репарација на шест клучни сегменти, вклучувајќи:

  • Замена на пет воздушни вентили и затварачи на булевар Партизански одреди.
  • Реконструкција на затварачи на мостот Обединети Нации, Порта Влае, и улицата Никола Парапунов.
  • Замена на главниот затварач Ф700 на раскрсницата со булевар Партизански одреди.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни