Зошто ризикот од срцев удар е најголем наутро? Најопасниот период е помеѓу 7 и 11 часот

Лекарите предупредуваат дека во утринските часови телото минува низ неколку промени кои дополнително го оптоваруваат срцето.

Иако утрото обично се поврзува со почеток на нов ден и енергија, лекарите предупредуваат дека токму во овој период ризикот од срцев удар може да биде најголем. Истражувањата покажуваат дека најризичниот временски интервал е помеѓу 7 и 11 часот наутро, кога срцевите удари се појавуваат значително почесто. 

Според кардиолозите, по будењето телото поминува низ неколку физиолошки промени. Крвниот притисок нагло се зголемува, се лачат поголеми количини хормони на стрес како кортизол, а крвта може да стане погуста. Овие процеси ја зголемуваат оптовареноста на срцето и можат да го зголемат ризикот од срцев удар, особено кај луѓе со постоечки здравствени проблеми. 

Дополнително, дехидратацијата по неколку часа сон, како и наглото започнување со активности веднаш по будењето, може дополнително да влијаат врз циркулацијата и работата на срцето. 

Најчести фактори на ризик

Кардиолозите издвојуваат неколку фактори кои можат да го зголемат ризикот од срцев удар:

  • висок крвен притисок
  • покачено ниво на холестерол
  • дијабетес
  • пушење
  • хроничен стрес и анксиозност
  • физичка неактивност

Симптоми кои не треба да се игнорираат

Раното препознавање на симптомите може да спаси живот. Најчести знаци се:

  • болка или притисок во градите
  • болка во рацете, вратот, грбот или вилицата
  • отежнато дишење
  • ладна пот
  • мачнина или повраќање
  • вртоглавица или слабост

Доколку се појават вакви симптоми, особено наутро, лекарите советуваат веднаш да се побара медицинска помош

Како да се намали ризикот

Експертите препорачуваат неколку едноставни навики кои можат да помогнат во заштита на срцето:

  • испијте чаша вода веднаш по будењето
  • не го прескокнувајте појадокот
  • избегнувајте стрес и брзање наутро
  • практикувајте лесна физичка активност
  • редовно контролирајте го крвниот притисок и холестеролот

Здравите животни навики и редовните лекарски прегледи се клучни за намалување на ризикот од кардиоваскуларни заболувања.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни