Снег, снежни бури, ледена дождовна покривка, температури под нулата и поледица предизвикаа сериозни проблеми низ цела Србија во изминатите денови. Одделни делови од земјата останаа без електрична енергија, а метеоролозите предупредуваат дека зимските услови сè уште нема да попуштат.
Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) издаде предупредувања за потенцијално опасни временски појави во поголемиот дел од земјата. Ледениот дожд претставува една од најопасните метеоролошки појави.
Најмногу снег досега наврнал во Белград и Срем.
Уште силен мраз во понеделник и вторник
Според најавата на РХМЗ, во понеделник наутро ќе биде многу студено, со умерен до силен мраз. Во поголемиот дел од земјата времето ќе биде претежно ведро, додека на истокот и југоистокот ќе има облачност, а понекаде и слабо провејување на снег.
Минималните температури ќе се движат од -13°C на север, до -4°C на истокот на Србија, а по котлините и до -15°C. Максималните дневни температури ќе бидат од -4 до 3 степени Целзиусови.
Во текот на ноќта се очекува постепено зголемување на облачноста, а на северот и западот е можна слаба снежна или дождовна врнеж, која како ретка појава може да се замрзне на тлото.
Од вторник постепено затоплување, снег до 20 јануари
Од вторник и среда следи пораст на температурите и дека потоплиот период може да трае околу 10 дена.
„Ќе има облачност, но без значајни врнежи. Снежната покривка би можела да се задржи барем до 20 јануари. Максималните температури ќе бидат над нулата, а во некои денови и близу 10 степени, но студениот период повторно ќе се врати“, велиат метеоролозите.
Од петок започнува кошава
Од среда утринските мразеви ќе ослабнат и ќе станат локална појава. Во текот на денот се очекува претежно суво и стабилно време со наизменични сончеви и облачни периоди. Од петок (16 јануари) се очекува засилување на кошава, најавува РХМЗ.
Жолт и портокалов метеоаларм
РХМЗ издаде жолт и портокалов метеоаларм за целата територија на Србија поради снег, мраз и силен ветер. Граѓаните се повикуваат на зголемена претпазливост, особено при движење на отворено и во сообраќајот.
Биометеоролошко и хидролошко предупредување
Биометеоролошките услови и понатаму неповолно ќе влијаат врз хронично болните, особено кај лицата со срцеви и мозочни заболувања. Можно е појавување на реуматски болки и општа малаксаност кај метеопатите.
На Дунав се очекува појава на прибрежен мраз и ледена пловидба, додека на Јужна Морава е регистриран пораст на водостојот со локално надминување на границите за редовна одбрана од поплави.
