ВИДЕО: Инциденти на протест во Белград, полицијата не му дозволи на ректорот да им се обрати на студентите

Тензии и инциденти на протестот во Белград, полицијата не му дозволи на ректорот да им се обрати на студентите.

По утринскиот упад на Одделот за криминалистичка полиција (УКП) во зградата на Ректоратот, професори и студенти вечерва излегоа на протест во центарот на Белград.

Пред институцијата се собра голем број граѓани, кои изразија револт поради, како што велат, притисокот врз Универзитетот и поддршка за академската заедница.

Студент преку мегафон им соопшти на насобраните дека полицијата не му дозволува на ректорот Владан Ѓокиќ да излезе на балконот и да им се обрати.

„Не му дозволуваат на ректорот да излезе на балконот да нè поздрави“, рече тој.

Протестот започна со тензии, кога според извештаите од терен, полицајци со маски интервенирале врз дел од насобраните студенти.

Новинар кој известувал од протестот е меѓу повредените, откако бил удрен со пендрек и пренесен во болница.

Паралелно, протест се одржа и пред Ректоратот на Универзитетот во Нови Сад, како израз на солидарност со студентите во Белград.

Упадот на полицијата во Ректоратот бил извршен по наредба на Вишото јавно обвинителство, во рамки на истрага поврзана со смртта на 25-годишна студентка и наводни неправилности во работата на институцијата.

Настаните дополнително ја засилија тензијата меѓу студентите и институциите, отворајќи прашања за автономијата на универзитетот и односот на државата кон академската заедница.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни