Спреми се за Ибица: остануваат уште само 5 дена за пријава за најлудата трка со препреки на Red Bull

Red Bull упатува последен повик до сите фитнес ентузијасти и љубители на трките со препреки да пријават учество на премиерното издание на Red Bull Ibiza Royale, супер-забавна трка со препреки на најжуркаџискиот остров во Европа.

За сите оние што не знаат што е Red Bull Ibiza Royale, тогаш наједноставната дефиниција би била: екстремно забавна трка со препреки која своето прво издание ќе го има на тврдината на Ибица од 7 до 9 април 2025 година. 


Исто така, оваа трка не бара од учесниците да поседуваат сериозна физичка подготвеност (повеќе инфо тука), така што, сѐ што треба да направиш е:

  • да формираш мешан тим од двајца: 1 машко и 1 женско, кои се 18+ години;
  • да направите тимски предизвик (изиграјте онлајн игра или најдете квалификациски настан во ваша близина);
  • да поднесете видео пријава (видео на англиски јазик до 60 секунди, покажувајќи зошто вашиот тим треба да биде избран).

Ако пријавиш учество, тогаш влегуваш во игра за интересни награди кои можеш да ги видиш тука

Освен што е фитнес предизвик од есктремно забавен карактер, Red Bull Ibiza Royale е пред сѐ тимски настан кој е спој на фитнес предизвик со огромни дози на забава. Во превод, ќе има организирани журки (секако, во препознатливиот стил и вајб на Ибица) за тимовите, уникатна шанса да се запознаат со други тимови од 50+ држави, со дизајнерите на препреките кои се светски познати спортисти или контент креатори и топ дружба со луѓе од цел свет. 

Дополнително, тимот што ќе биде избран за учесник на Red Bull Ibiza Royale ќе оди заедно со тимот на Adventure.mk, кои како Wildcard тим директно ќе земат учество на оваа трка и тоа со двојна улога, натпреварувачи и репортери на сите интересни и најважни моменти и настани од авантурата наречена – Red Bull Ibiza Royale. 

Доколку ти е потребна дополнителна мотивација за да пријавиш тим, прочитај ги 8те причини зошто треба да пријавиш учество на Red Bull Ibiza Royale и формирај тим за најлудата трка со препреки.  

Дознај ги сите информации и пријави учество до 14ти март на овој линк, а во месец април “инсталирај се” на стартната линија на тврдината на Ибица! 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни