Центарот за управување со кризи информира дека денеска мал спортски авион се урнал во водите на Мавровското езеро.
„Во авионот имало две лица, од кои едното е повредено. Инцидентот бил пријавен на бројот 112, а информацијата веднаш е проследена од страна на ЦУК до СВР-Тетово, Итната медицинска помош (ИМП) и Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК-Тетово) за итна интервенција“ велат од ЦУК.
Причините за уривањето засега се непознати, а повеќе детали околу тоа за каков тип на авион се работи и која била неговата намена се очекуваат во текот на денот.
