Според студентите на Правниот Факултет: Уапсено е само едно од шесте лица кои учествувале во вечерниот напад!

Една студентка беше турната низ скалите и падна на главата. Таа заедно со уште пет студенти од Правниот факултет, се пренесена со возило на итна помош до Ургентниот центар, за да им биде дадена прва помош

Според информациите кои во моментов ги имаме од сведоци, уапсено е само едно лице од наводните шест лица кои учествувале во вечерниот напад на студентите, стои во објавата на студентите на Правниот факултет кои вчера вечер беа нападнати од непознати лица во факултетот.

Како што објавија студентите претходно, напаѓачите ги гаѓале студентите со стаклени и пластични шишиња.

„Една студентка беше турната низ скалите и падна на главата. Таа заедно со уште пет студенти од Правниот факултет, се пренесена со возило на итна помош до Ургентниот центар, за да им биде дадена прва помош“, напишале студентите.

Студентите во блокада наведуваат и дека по завршувањето на инцидентот непознати лица дошле со автомобили, „за да ги отстранат доказите од платото“ на Правниот факултет.

„Бараме да се најдат, идентификуваат и процесуираат лицата кои ги нападнаа нашите колеги.“

Во Србија во последниот месец и половина се блокирани повеќе од 60 факултети на четири државни универзитети. Студентите во блокада поставуваат неколку барања пред властите.

Меѓу нив е и објавување на целокупната документација за реконструкцијата на Железничката станица во Нови Сад и падот на надстрешницата, за да се утврди одговорноста за несреќата од 1. ноември, во која загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повредени.

Тие исто така бараат да се идентификуваат и кривично да одговараат напаѓачите на демонстрантите и студентите на протестите кои следеле по несреќата ширум Србија. Барање е и ослободување на уапсените активисти на протестите и прекин на кривичните постапки против нив.

Претставниците на властите тврдат дека сите барања се исполнети и ги повикуваат студентите да ги отворат факултетите.

Академците, пак, соопштуваат дека барањата се делумно исполнети и дека не се откажуваат од блокадите, кои продолжиле и за време на празниците.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни