Според првичните резултати партијата на Бабиш – АНО има убедливо водство на парламентарните избори во Чешка

Според првичните резултати партијата на Бабиш – АНО има убедливо водство на парламентарните избори во Чешка

Според првичните резултати темелени на 10 проценти од преброените гласови на изборите за Долниот дом на чешкиот Парламент, што завршија во 14 часот денеска, во водство е популистичката партија АНО на чешкиот милијардер Андреј Бабиш со освоени 39,7 проценти од гласовите, додека коалицијата „Сполу“ (Заедно), предводена од актуелниот премиер на земјата, Петр Фијала, се наоѓа на второто место со 19,1 процент од гласовите. 

Британските медиуми пренесуваат дека овие првични резултати имаат тенденција да доаѓаат од помалите области каде што АНО и другите опозициски партии имаат поголема поддршка, додека се очекува „Сполу“ да има поголема поддршка во поголемите градови, каде што е потребно подолго време за броење на гласовите.

Чешката телевизија СТВ соопшти дека на дводневното гласање за избор на пратеници во Долниот дом на чешкиот Парламент, што заврши пред два часа, излезноста била околу 55 проценти.

Оваа година, за 200 пратенички места се кандидираа 4.462 кандидати, што значи дека во просек 22 лица се пријавуваат за едно пратеничко место.

Околу осум милиони гласачи имаат право на глас на деветтите избори во историјата на чешката независност.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни