Секторот за деактивирање на експлозивни направи ја пронајде и ја отстрани бомбата, која не експлодирала, за да ја достави за дополнителна истрага, јави дописничката на МИА од Атина.
Според неофицијалните информации, експлозивната направа имала пет прачки динамит и детонатор, а не претходел никаков предупредувачки повик, како што е најчесто случај во Грција.

Бомбата била поставена во дворот пред зградата во која живее новинарот Јанис Претендерис, а ја открил полицаец кој бил на должност во близина.
Полицијата и возило на противпожарната служба целосно ја затворија улицата пред зградата, додека припадници на Секторот за деактивирање на експлозивни направи ја вадеа бомбата.
Инцидентот го осудија владиниот портпарол, како и партиите Нова демократија, ПАСОК и СИРИЗА.
Новинарот Јанис Претендерис е познат и искусен грчки новинар, а моментално е дел од телевизијата Мега.