„Секоја организација на секој настан си има свои потешкотии, овде имаме дури и повеќе потешкотии бидејќи имаме повеќе спортови, повеќе спортисти, повеќе волонтери и повеќе официјални лица и секако сето ова го правиме во помала земја каде што можеби нема доволно инфраструктура, заради тоа ги користиме услугите на 27 хотели. Сигурно е дека помага на вашата економија бидејќи има многу луѓе и како што слушнавме претходно иако летната сезона е во полн ек, рестораните се полни, моловите се полни. Не беше лесна работа, не беше лесно воопшто, вложен е огромен труд од страна на организацискиот тим на Комитетот и воедно бараше многу поголема соработка од сите, колку е поголема соработката, толку е подобро! Ние исто така вложивме голем труд да помогнеме, Даниел Димевски е тука и секако волонтерите кои играат голема улога бидејќи доаѓаат со срце и љубов да помогнат и ова ќе остане како важен спомен во нивните животи бидејќи имале можност да се вклучат во еден настан од огромни размери. На крајот би кажал дека она што е важно се спортистите, ако тие се среќни и ние сме среќни!“, Капралос одговори на прашање од Трн.