„Спиноза“ – модел на вештачка интелигенција за новинари претставен во Париз

Меѓународната невладина организација Репортери без граници со седиште во главниот град на Франција соопшти дека оваа алатка покажува дека е „можна одговорна употреба на AI во редакциите“, под услов новинарите да бидат вклучени во тој процес.

Нова алатката на вештачка интелигенција наменета за новинари под името Спиноза, беше претставена пред почетокот на Самитот за AI во Париз.

Меѓународната невладина организација Репортери без граници со седиште во главниот град на Франција соопшти дека оваа алатка покажува дека е „можна одговорна употреба на AI во редакциите“, под услов новинарите да бидат вклучени во тој процес.

RSF и француското здружение Алијанса за медиуми заедно започнаа проект за развој на таква алатка во ноември 2023 година. Тие две организации нешто повеќе од година дена подоцна објавија заклучоци од експериментот во извештај, а главната поука е дека „првиот алат AI Спиноза функционира“.

Фокусиран на климатски прашања, прототипот е заснован на системот за истражување и синтеза, создаден да им помогне на новинарите, а не да ги замени. Алатот е направен според неколку етички принципи како што се доверливост на информациите, транспарентност на изворите и почитување на авторските права.

Спиноза содржи неколку бази на податоци – повеќе од 28.000 статии, околу 1.000 содржини обезбедени од агенцијата Франс прес (соработник од јули 2024), научни и законски податоци од јавни тела и Агенцијата за животна средина и енергија.

Резултатите претставуваат „повик да се развие на генеративната AI (креатор на содржини) не се препушти во рацете на технолошките играчи, чии економски приоритети и идеолошки пристрасности се разликуваат од потребите на медиумите“, изјави генералниот директор на RSF, Тибо Бритен.

Кодот за овој алат ќе биде достапен бесплатно (Open source) на пролет, за да се овозможи „новинарите и програмерите да го персонализираат и прилагодат алатот според своите потреби“.

Во експериментот учествуваа регионалната новинарска група Ебра, спортскиот дневник Лекип (L’Equipe) и весникот Либерасион (Liberation).

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни