Создадено роботско куче кое има дигитален нервен систем и може да учи

Шведскиот стартап за вештачка интелигенција (АИ) IntuiCell создаде роботско куче по име Луна кое има дигитален нервен систем способен за учење и прилагодување, сличен на оној на луѓето и голем број животни.

Во соопштението се вели дека кучето робот може да донесува одлуки и да презема активности за да постигне конкретни цели како вистински кучиња, наместо само да извршува задачи, објави Ројтерс.

Нагласено е дека IntuiCell ќе користи тренер за кучиња за да ја научи Луна да се движи во зависност од тоа како невроните ги обработуваат информациите.


„Она што го создадовме е првиот софтвер кој им овозможува на машината да учи како луѓето и животните“, рече извршниот директор и ко-основач на компанијата Виктор Лутман.

Тој истакна дека следниот чекор ќе биде истражување на хуманоидна роботика, истражување на автономна роботика во непредвидливи средини, како што се истражување на вселената, истражување на длабоко море или одговор при катастрофи.

Лутман рече дека интелигентни машини може да се испратат на Марс за, на пример, да изградат идни живеалишта за луѓето, средина во која роботите не можат да бидат претходно обучени и ќе треба да бидат способни да решаваат проблеми кога ќе се појават.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни