Прашањето за високите цени на производите стигна и во Советот на ЕУ

Податоците покажуваат дека постојат производи кои се продаваат во земјите членки по цена која е два до три пати повисока од цената што тие исти производи ја постигнуваат на пазарот на земјата во која се произведуваат

Советот на ЕУ ќе го разгледа прашањето за високите цени на производите, изјави полскиот министер за економски развој и технологија, Криштоф Пашик, за време на седницата на Комитетот за внатрешен пазар и заштита на потрошувачите на Европскиот парламент.

„Ова е конкретно прашање кое засега милионите граѓани во ЕУ. Можам да ви кажам дека го утврдивме постоењето на овој проблем во Полска и ќе спроведеме интензивен дијалог со Европската комисија, а се надеваме дека Комисијата ќе иницира потребни предлози. Нашето претседателство ќе биде подготвено да соработува со Комисијата во оваа насока“, изјави Пашик, чија земја претседава со Советот на ЕУ во текот на првата половина на годината.

Темата за исклучително високите цени ја отвори хрватскиот пратеник Томислав Сокол, кој предупреди на оваа пракса во бројни земји на ЕУ.

„Еден од големите проблеми присутни во неколку земји-членки, вклучувајќи ја и Хрватска, е праксата на непочитување на трговските практики и големите разлики во цените на истите производи кои се продаваат по различни цени во различни земји-членки“, истакна Сокол.

Тој нагласи дека податоците покажуваат дека постојат производи кои се продаваат во земјите-членки по цена која е два до три пати повисока од цената што тие исти производи ја постигнуваат на пазарот на земјата во која се произведуваат.

Пратеникот потсети дека непочитувањето на трговските практики е регулирано на европско законодавно ниво.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни