Инциденти пред Собранието на Србија

Соопштение на студентите во блокада: Ова повеќе не е студентски протест, напуштете го просторот околу Собранието

Од агенцијата Бета јавуваат дека на просторот пред Собранието на Србија повеќе нема студенти-редари, но дека пред самата зграда сега шетаат и се собираат разни групи на луѓе. Дел од присутните сè уште стојат на раскрсницата пред Собранието на Србија каде што околу 19 часот се случил инцидент

„Студентскиот протест се завршува. Нашите редари ги симнаа елеците. Апелираме до граѓаните да се повлечат безбедно“, се наведува на социјалните мрежи.

Студентите изјавиле за репортерите на агенцијата Бета дека крајот на собирот се прогласува штом дојде до инциденти или повреди, кои не ги предизвикале студентите.


Од агенцијата Бета јавуваат дека на просторот пред Собранието на Србија повеќе нема студенти-редари, но дека пред самата зграда сега шетаат и се собираат разни групи на луѓе. Дел од присутните сè уште стојат на раскрсницата пред Собранието на Србија каде што околу 19 часот се случил инцидент.

Една група собрани пред Собранието на Србија фрлала различни предмети и пиротехнички средства кон кампот на студентите во Пионирски парк околу 19 часот. Како што јавува агенцијата Бета, сè се случувало кај заштитната ограда на Пионирски парк, надвор од просторот на Собранието, а студентите брзо ја отстраниле оваа група лица од местото на настанот.

Некои од учесниците на демонстрациите тврдат дека инцидентот го предизвикале лица кои излегле од кампот Студенти 2.0, но тоа никој не успеал да го документира со видео снимка или фотографија.

Од друга страна, полицијата е концентрирана во опрема за разбивање демонстрации, со подигнати штитови, а зад нив има и маскирани лица во цивилна облека.

Инцидентите започнаа во текот на петнаесетминутната тишина на собирот „15. за 15“ во Белград, кога во еден момент се слушна галама која ги вознемири присутните.

Голем број луѓе се собраа на Славија, каде е поставена главната бина, а планирано е собирот да трае до 21 часот.


е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни