Сончев ноемвриски ден

Во Скопје и околината максималната температура ќе изнесува до 16 степени.

Граѓаните денеска можат да уживаат уште во еден убав ноемвриски ден. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) утрата во цела Македонија ќе бидат постудени.

Во текот на денот, времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југозападен правец.

Максималните дневни температури ќе се движат од 15 степени во Маврово и Охрид до 19 степени во Гевгелија.

Во Скопје и околината максималната температура ќе изнесува до 16 степени.

Во главниот град на Македонија, наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко.

Минималните температури утре ќе се движат од -3 Целзиусови степени во Берово, 1 степен во Скопје, до 2 степени во Маврово, Прилеп и Гевгелија, до 3 Целзиусови степени во Охрид.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни