Солидарноста не познава граници: Македонците излегуваат на протест за поддршка на српските студенти и граѓани

Здружението за едукативен развој „Еквалис“ за утре, понеделник, 30 декември, од 12 часот, иницира протест на солидарност со граѓан(к)ите на Србија пред Амбасадата на Србија во Скопје.

Овој протест, кој е поттикнат од трагедијата со уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, каде животот го загубија 15 луѓе, вклучувајќи и еден Македонец, испраќа јасна порака на поддршка до храбриот српски народ. „Еквалис“ ги повикува сите граѓан(к)и, студенти, и млади луѓе, да се приклучат на протестот и да покажат дека границите не можат да ја спречат солидарноста и борбата за правда.

Во рамки на протестот, ќе биде прочитан говорот на студентот Бошко Ристиќ од Нови Сад, симбол на студентскиот отпор, од страна на студенти од Скопје.

Протестот се придружува на барањата на српските студенти за:

  • Објавување на целосната документација за реконструкцијата на Железничката станица во Нови Сад.
  • Кривично гонење на одговорните за уривањето на настрешницата.
  • Оставки од српските функционери, како премиерот Милош Вучевиќ и градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ.
  • Преземање одговорност за нападите врз студентите и граѓаните што мирно протестираат.

Овој протест во Скопје доаѓа како поддршка на над еден месец долгите блокади на факултети и училишта во Србија, иницирани по нападите врз студентите и новинарите. Според медиумите, владејачката партија на Србија е обвинета за испраќање „батинаши“ на протестите, кои дополнително ги ескалираат инцидентите.

„Како држава која има искуство со студентските пленуми и борбата за демократија, мораме да застанеме со српските граѓани и да покажеме дека истрајноста и храброста се исплатуваат“, велат од „Еквалис“.

Протестот е доказ дека борбата за правда и солидарност е универзален јазик кој ги надминува сите граници.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни