Овој тренд, кој експлодираше на социјалните мрежи, брзо ги освои витрините на пекарниците низ САД — од кроасани со сирење, јајца и сланина, до оние со рамен, па дури и со грав и колбаси.
Пекарката Махам Куреши во својата пекарница во Њујорк ги користи како платформа за претставување на пакистанската кујна – нејзините кроасани се полнети со зачини и состојки како димено говедско, пикантно пилешко „ачаари“ или традиционално мелено месо „дум ка кеема“. Во Сан Диего, пак, шефот Дерек Хаден оди чекор понатаму: неговиот кроасан со тиква, балсамико и поширано јајце повеќе наликува на ресторанско јадење во мини формат.
„Почнав да ги гледам кроасаните како платформа за сезонски производи – како јадење што го сервираш на тањир, само адаптирано на тесто“, објаснува Хаден. Тој додава дека целта му е да создаде неочекувани комбинации, но со рамнотежа на вкусови: „Кроасанот е веќе маслен, па се обидувам да додадам киселост и свежина.“
Од слатки кон иновативни
Додека светот ги експериментира своите вкусови, Доминик Ансел, изумителот на славниот Cronut, сè уште одбива да направи солена верзија. „Cronut треба да остане слатко искуство“, вели тој. „Интересно е да се експериментира, но не секогаш треба да се мешаат концептите.“
Дали солени кроасани ќе заживеат и на Балканот?
Замислете, на пример, круасан со ќебапи наместо лепиња, или кроасан со сарма и кисела павлака, па дури и кроасан со тартуфи и козјо сирење – звучи како шега, но од гастрономски аспект има логика. Со растечката популарност на занаетчиските пекарници и со интересот за нови урбани вкусови, солениот кроасан би можел да стане следниот голем гастро-хит и на Балканот.
Како што велат американските креатори на овој тренд – кроасанот веќе не е само пециво. Тој е платформа за приказна, култура и креативен оброк. И токму тоа можеби е рецептот за неговиот светски успех.
Извор: Index.hr
