СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА 24. СОСТАНОК НА МПК – РСМ И ЕУ ВО СТРАЗБУР

Македонските и европските пратеници ќе дебатираат за правата, реформите и регионалната стабилност.

Собраниската делегација утре и задутре ќе учествува на редовниот 24. состанок на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Северна Македонија и Европска Унија (Парламентарен комитет за стабилизација и асоцијација), што ќе се одржи во Европскиот парламент во Стразбур.

Делегацијата ќе ја предводи Иванка Василевска, шефица на македонскиот тим, а во составот се и заменик-претседателките Жаклина Пешевска и Соња Мираковска, членките Арбана Пашоли, Саранда Имери-Стафаи и Славјанка Петровска, како и заменик-членот Љупчо Пренџов.

Состанокот ќе го отворат копретседавачите Иванка Василевска и европратеникот Карло Реслер. Работата ќе продолжи со повеќепланска дискусија за теми од клучно значење за евроинтеграциите на земјата: основни права и слобода на говор, владеење на правото, борба против корупција, перспективи на пристапните преговори, добрососедските односи, регионална соработка и стабилност.

Во агендата се вклучени и темите за животна средина, транспорт, енергетика и инфраструктурна поврзаност, како и напредокот во дигитализација и примената на вештачка интелигенција.

Во делот на размена на мислења се очекуваат обраќања од министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, и министерот за европски прашања, Орхан Муртезани.

Вториот ден ќе заврши со усвојување на заклучоци по сите дискутирани точки.

Мешовитиот парламентарен комитет претставува единствен официјален форум за директен парламентарен дијалог меѓу Собранието и Европскиот парламент. Состанокот се одржува двапати годишно – еднаш во Скопје, а еднаш во Брисел или Стразбур, во зависност од распоредот на Европскиот парламент.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни