Во нивната објава стои: Факултетското студентско собрание на Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје (УКИМ) целосно се огради од настапот на министерката за образование и наука Проф. д-р Весна Јаневскана денешниот собир на платото на општествениот кампус.
„Сметаме дека во вакви траорни и тешки моменти нема простор на собир организиран од студентите да се држат говори од страна на претставници на власта.
Повторуваме, собирот е студентски и таков треба да остане.
Уште еднаш изразуваме сочувство и искрена поддршка на семејствата, на најблиските на загинатите и повредените.“
