Настанот го организира иницијативата „Кој е следен?“ со цел да им се оддаде почит на загинатите и да им се покаже поддршка на нивните семејства и повредените.
Вечерва беше истакнато дека на овој начин се оддава почит кон настраданите, се поддржуваат нивните најблиски, кои се соочуваат со голема загуба, како и повредените кои се во процес на рехабилитација по несреќата која се случи пред шест месеци.
Граѓаните имаат можност да остават и пораки до семејствата на загинатите.
Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март оваа година и однесе 62 животи, додека околу 200 лица се здобија со повреди и беа пренесени на лекување во болници низ земјата и странство.