Со вметнати забелешки Законот за високо образование вратен на ЕНЕР

Во Законот, вметнати се промените на кои укажуваа универзитетите, професорите и другите релевантни фактори

На ЕНЕР денеска повторно е ставен Предлог-законот за високо образование.

Во него, вметнати се промените на кои укажуваа универзитетите, професорите и другите релевантни фактори.

– Направивме прилично многу промени, за кои сметавме дека се коректно предложен и кои сметавме дека ќе го подобрат текстот на законот. Намалување на бројот на трудови за втор и трет циклус на студии, намаливме еден член на владата, иако сметавме дека тоа не ја намалува автономијата, прифативме за општествено-хуманистичките студии, како што бараа да биде Скопус, не ја исклучивме Веб оф сајанс, Националниот совет за високо образование ќе изработи друга база на списанија која исто така, ќе се бодува при изборите… значи, она што сметавме дека е коректно и не е злонамерно го прифативме – рече министерката за образование Весна Јаневска.

Министерката рече дека повторно ќе може да се погледне законот, а доколку се најде некоја драстична промена и таа ќе ја направат, па законот ќе оди во владина постапка.

Дополнително, таа најави дека денеска на ЕНЕР ќе биде поставен и Предлог-законот за квалитет во образованието. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни