Со овој трик, вашиот автомобил ќе свети како нов: Сè што е потребно е производ што вашата сопруга сигурно веќе го користи

Се испоставува дека тајната за сјајна, водоотпорна завршница можеби не лежи во вашата гаража, туку во вашиот шкаф за бања.

Можеби мислите дека сте пробале сè за да го добиете вашиот автомобил до совршен сјај – од скапи восоци, часови и часови триење до специјализирани политури кои ветуваат сјај како во салон. Сепак, и покрај напорот, постигнувањето на совршен сјај честопати изгледа како залудна борба. За среќа, постои едноставен трик за домаќинство кој може да ви заштеди време и труд, а воедно да му даде на вашиот автомобил видливо почист изглед.

Се испоставува дека тајната за сјајна, водоотпорна завршница можеби не лежи во вашата гаража, туку во вашиот шкаф за бања. Благодарение на својот посебен состав, регенераторот за коса може да биде ефикасна и нежна алтернатива на традиционалниот лак за автомобили.

„Добрата работа кај регенераторот е што е брз. Ја втривате смесата од вода и регенератор на чист автомобил, потоа исплакнете и избришете со крпа. Нема силно триење и повеќекратно бришење како кај восочувањето“, рече Крис Мус Пајл, автомобилски експерт од веб-страницата „JustAnswer“.

Повеќето регенератори содржат ланолин или силикон – состојки за кои е познато дека додаваат сјај и одбиваат вода. Регенераторот не само што ја отстранува нечистотијата, туку остава и лесен заштитен слој што одбива вода и помага да се спречат дамки од капки.

Овие состојки исто така ја измазнуваат површината на автомобилот, ги пополнуваат малите гребнатини и ѝ даваат сјај на бојата – слично како специјалните производи за полирање. За разлика од агресивните детергенти или детергентите за миење садови, кои можат да отстранат заштитни слоеви, регенераторот е изненадувачки нежен. Нема да ја оштети бојата на автомобилот, иако резултатите не се трајни.

Исто како и вашата коса, на вашиот автомобил ќе му треба редовно „регенерирање“ за да изгледа одлично. Секој ефтин регенератор со ланолин или силикон ќе биде доволен. Избегнувајте скапи салонски производи – на вашиот браник не му треба луксузен бренд за да блесне – и држете се до едноставни формули без силни бои и мириси.

Во споредба со цената на специјализираните восоци или лакови, кои можат да чинат доста, шишенце евтин регенератор може да се најде за многу прифатливи пари, што го прави добра алтернатива, пишува Express.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни