Со претставата “Актери кои чекаат” вечерва завршува 17 Меѓународен театарски фестивал во Крива Паланка

Со претставата “Актери кои чекаат” вечерва завршува 17 Меѓународен театарски фестивал во Крива Паланка

Со вечерашната претстава “Артисти кои чекаат” на Општински театар Ќустендил, Бугарија ќе биде затворено 17. изание на Меѓународниот театарски фестивал “Свети Јоаким Осоговски“.

Синоќа, на седмата фестивалска вечер публиката се насмеа до солзи со настапот на Белградскиот театар со претставата “Љубов на селски начин”.
Преполната сала во Националната установа Центар за култура имаше одлична можност да се забавува со репликите од претставата на извонредната актерска екипа од Белград, Србија, предводена од ѕвездата од познатите “Курсаџии”, Саша Пантиќ.

Во рамки на 17 Меѓународен театарски фестивал настапија: НУ Театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“, Велес со современа адаптација на класичната комедија на Бранислав Нушиќ, „Госпоѓа Министерка“, групата Милош Ѓоковиќ ПР од Крушевац, Србија, со комедијата “Холивудски сон”, театарската група „Златен заб“, Скопје со драмата „Вечерва сме сами“, струмичкиот театар од НУЦК НТ “Антон Панов” со „Петок 13-ти“, Народниот театар „Бора Станковиќ“ од Врање, Србија со претставата “Меѓа”, а фестивалот го отворија врвните театарски уметници од Театар Комедија, Скопје со “Вистина”.

Организатор на фестивалот е Општина Крива Паланка, а оттаму посочуваат дека љубителите на театарот и оваа година имаа прилика да проследат широка лепеза сценски настапи за сечиј вкус со извонредни театарски имиња од Балканот од Србија, Македонија и Бугарија.

Лауреат на годинашното издание на фестивалот беше познатиот македонски актер, Игор Џамбазов. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни