Со премиерата на „Фирма“ се отвора фестивалот „Рута“ во организација на Драмски театар

„Фирма“ на репертоар на Драмски е вистинско освежување и колективна шлаканица за сите кои брзаат и на некој начин се изгубиле себеси во капиталистичкото општество.

Сцената на Драмски театар конципирана како ринг арена се подготвува за премиерата на „Фирма“ новата претстава која ќе го отвори фестивалот „Рута“. Во режија на Нела Витошевиќ се поставува една современа драматургија од еден од најплодните, најуспешните и најпреведувани германски автори Роланд Шимелфениг.

„Јас сум многу задоволна од резултатот и од тоа што го гледам на последните три прогони. Мислам дека целта што ја зацртавме ја постигнавме, идејата беше да прикажеме еден суров корпоративен свет кој што е огледало на капиталистичкото општество преку конфликтни релации на 6 карактери кои се тркаат да стигнат до врвот на хиреархиската пирамида и во таа трка до целта тие на некој наин се губат себеси го губат својот социјален живот и кога ќе се свртат негде позади гледаат дека нивните животи се комплетно празни. Освен работата се друго ставиле во втор план и се чувствуваат крајно осамено. Тоа е комплетно отуѓување на луѓето со интензивирање на социјалните мрежи, луѓето се претвораат во машини.

Ја конципирав сцената да биде на некој начин ринг арена каде што ликовите имаат конкретен противник но многу често тие самите на себе си се противници.

Во таа арена освен со конкретниот партнер со кои се во спрега или конфликт тие преку внатрешни интроспекции ги покажуваат нивните внатрешни конфликти и борби и проблеми и на некој начин преку тој простор правиме огледало на капиталистикото општество денес. Сите се како некои ѕверови кои се јадат меѓу себе само за да стигнат до некоја цел која и не е толку важна затоа што гледаме дека ги заборавиле важните работи во нивните животи и останале сами на крајот од денот.

Претставата ја играме горе, публиката е на сама сцена од три страни во една канцеларија која се трансформира зависно од тоа што се истакнува и тоа блиско соочување на глумците и публиката според мене ќе донесе еден квалитет и во играта и во самото примање на претставата“, истакна Нела Витошева на прес конференцијата пред премиерата на „Фирма“.

Сања Арсовска, дел од актеркската екипа на „Фирма“ изјави дека со Нела е многу возбудливо и тешко да се работи, многу е захтевна ама кога имаш човек со кој лесно се разбираш и од аспект на човечки вредности, а после и како режисер со актер е полесно да се работи.

„Ова е нешто апсолутно различно од претходно што го имаме работено со Нела и гледано, самата блискост со публиката дополнително ќе ни донесе ново искуство на нас, актерите. Тесктот самиот по себе е јасен со јасни намери притоа не отсликувајќи го капитализмот како навредување туку работејќи на ефектите од капитализмот односно што прави капитализмот од нас“, рече Сања на прес конференцијата.

Директорката на Драмски театар, Викторија Рангелова, потенцираше дека билетите за фестивалските претстави се речиси распродадени. За „Фирма“ и српската претстава билетите се исцрпени а за останатите има по уште некоја.

Според Филип Трајковиќ, кој го глуми Роберт во претставата, најголем предизвик е начинот на игра, целата таа интимност што ја има со публиката на сцена.  „Треба малку да се тргнеме од она наша тетарска игра и малку повеќе да влеземе во таа филмска артикулација на работите затоа што таа игра ќе ја донесе суптилноста на секојдневното живеење кое се обидуваме да го претставиме во оваа претстава“, поентираше Филип.

Преставата е наменета за лица над 16 години.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни