Овесната каша е најздравиот појадок на светот, се согласуваат нутриционистите. Но тука не се мисли на овесни снегулки со додатоци, туку на вистинска, старинска од овес или зоб, житарки од цело зрно.
Диететичарката Бет Червони има само пофални зборови за појадокот што содржи овес.
„Овесната каша е преполна со протеини и диететски влакна – две важни работи кои му се потребни на нашето тело“, вели Червони.
Половина шолја овес содржи:
Манган: 64% од препорачаната дневна количина.
Бакар: 18% од препорачаната дневна количина.
Витамин Б1: 16% од препорачаната дневна количина.
Магнезиум: 13% од препорачаната дневна количина.
Фосфор: 13% од препорачаната дневна количина.
Цинк: 13% од препорачаната дневна количина.
Железо: 10% од препорачаната дневна количина.
Витамин Б5: 9% од препорачаната дневна количина.
Кога ќе го погледнете овој список, ќе ви стане јасно зошто овесната каша важи за најздравиот појадок.
Три причини зошто секое утро треба да појадувате овесна каша:
Го намалува холестеролот
Истражувањата покажуваат дека една чинија овесна каша дневно може да го намали нивото на целокупниот холестерол и лошиот холестерол што ги затнува артериите.
Го регулира шеќерот
Овесот содржи многу влакна, познати како бета-глукан. Освен што дејствува на холестеролот, бета-глуканот, исто така, може да ја забави апсорпцијата на глукоза (или шеќер) во крвта. Откако ќе ги изедете овесните снегулки, бета-глуканот се разложува во раствор сличен на гел што ги обложува цревата. Тој дебел слој природно ја намалува брзината со која шеќерот влегува во крвотокот.
Одлична е за слабеење
Кога ќе изедете овесна каша, чувството на ситост трае долго, што значи дека нема да грицкате меѓу оброците, а тоа значи помалку килограми.
Приготвување појадок
Најдобро би било овесот да отстои некое време во вода, околу пет часа. Процедете го, па варете го околу половина час. Така сварениот овес може да го комбинирате со солени и слатки јадења. Ако му додадете сирење и сланинка – ќе добиете појадок што ќе ве наполни со енергија. Ако во овесот додадете овошје и мед – ќе добиете совршено здрав, сладок појадок.
Извор: lepotaizdravje.rs