Search

Сноубордерка која ја пријавиле за исчезната била заглавена во скијачка гондола 15 часа

Сноубордерка поминала 15 часа заглавена во гондола на ски-центар на езерото Тахо во Калифорнија каде таа била заеднo со пријатели.

Нејзините пријатели пријавиле дека е исчезната а всушнот таа ноќта ја поминала во гондолата од каде никој не можел да го слушне нејзиниот глас и повиците за помош.

Сноубордерката Моника Ласо на вработена во скијачкиот центар и кажала дека е уморна за да се спушти уште еднаш, и потоа тргнала накај гондолата околу 17 часот. Но, гондолата запрела само две минути подоцна, кога сè уште била среде воздух.

Ласо вели дека не го носела нејзиниот телефон и се обидела да побара помош, но работниците долу не можеле да ја слушнат.

„Очајно врескав додека не го изгубив гласот“, изјави таа.

Во меѓувреме, нејзините пријатели кои веќе се спуштиле, се загрижиле за неа и на крајот од денот го пријавиле нејзиното исчезнување.

Таа била заглавена во гондолата околу 15 часа, а температурите таа ноќ биле многу ниски. Со триење на рацете и нозете пробувала да го загрее телото.

Пријателите не знаеле што се случило до следното утро, кога гондолата повторно почнала да се движи и ја спуштила Ласо најдоле.

Во петокот околу 8:30 часот на местото на настанот била повикана пожарникарската служба за спасување .

Извор: https://www.huffpost.com/entry/missing-woman-stuck-ski-lift-gondola_n_65b56eace4b014b873b1573d

Најново

Последни колумни