Врнежи од снег и снежна идила на повеќе места низ Македонија

Ладен бран од север донесе снег, минусни температури и снежна покривка во повеќе делови од земјата, со апели за внимателно движење.

Денешното утро, донесе врнежи од снег и вистинска снежна идила на повеќе места низ Македонија, како резултат на продор на многу ладен воздух од север. Повремено дува засилен ветер од северен правец, што дополнително го засилува чувството на студ.

Според податоците на УХМР, утрово на повеќе локации се измерени температури под нулата, како и снежна покривка. Најмногу снег има во Крушево – 14 сантиметри, додека во Ѓуриште се измерени 5 сантиметри снег. Во Охрид снежната покривка изнесува 5 сантиметри, а во Берово 2 сантиметри.

Надлежните апелираат на внимателно движење, особено поради ниските температури и можноста за појава на голомразица.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни