„Разговарав со (секретарот на Советот за безбедност на Украина) Рустем Умеров за подготовката на нов состанок во Турција. Умеров изјави дека состанокот е закажан за среда“, рече Зеленски во своето дневно обраќање што беше емитувано на социјалните мрежи.
За време на последните разговори во јуни, Русија ги повтори своите барања, вклучително и отстапување на четири региони на Украина покрај Крим, анексиран во 2014 година, како и откажување од целата западна воена помош и членството на Украина во НАТО.
Украина ги отфрли тие барања, сметајќи го за ултиматум.
Сепак, Кремљ изрази подготвеност да ги продолжи преговорите со Украина откако Трамп и даде на Русија 50 дена да преговара за договор или да се соочи со строги санкции и да продолжи со снабдувањето со оружје на Киев.