Следната недела нова размена на затвореници со Русија, најави Зеленски

Зеленски информираше дека во тек се напори за враќање на сите украински државјани кои се уште се наоѓаат во руски притвори

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски најави дека следната недела се очекува нова размена на воени заробеници со Русија, во согласност со постигнатите договори.

Тој информираше дека во тек се напори за враќање на сите украински државјани кои се уште се наоѓаат во руски притвори.

– Планираме размената да се реализира следната недела, барем таков е договорот, истакна Зеленски. 

Киев и Москва до сега извршија неколку размени на воени заробеници во конфликтот кој трае од февруари 2022 година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни