По договореното примирје меѓу САД и Иран, улиците на Техеран се преполни со граѓани кои слават. Се палат знамиња на САД и Израел

Славје во Техеран по примирјето: Се палат знамиња на САД и Израел, граѓаните излегоа на улица

Славје во Техеран по примирјето: Се палат знамиња на САД и Израел, граѓаните излегоа на улица

Голема прослава на улиците на главниот град на Иран, Техеран, откако беше објавено двонеделното примирје меѓу Соединетите Американски Држави и Иран. И покрај тоа што на одредени места судирите сè уште не се целосно запрени, договорот значително ја менува динамиката на конфликтот кој трае од 28 февруари.

Како дел од договорот, Иран се обврза да ја нормализира пловидбата низ Ормускиот теснец, клучна рута за глобалната трговија со нафта.

На улиците на Техеран, голем број граѓани се собраа, веејќи знамиња на Иран и на либанското движење Хезболах. Во исто време, беа запалени знамиња на Соединетите Американски Држави и Израел, што ја одразува силната антизападна атмосфера. Дел од присутните носеа и фотографии од Моџтаба Хаменеј, за кого според последните информации се тврди дека се наоѓа во кома.

Паралелно со прославите во Иран, пред Белата куќа во Вашингтон се собраа демонстранти, реагирајќи на одлуките на американскиот претседател Доналд Трамп поврзани со конфликтот на Блискиот Исток. Иако примирјето носи надеж за смирување на тензиите, ситуацијата во регионот останува неизвесна и подложна на нови ескалации.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни