Славчо Димитров од Маргини: Додека децата страдаат од сиромаштија и загадување, се шири параноја против младите ЛГБТИ

„Очигледно за министерката за образование ЛГБТИ и квир децата не се деца. Нивната безбедност не само што е небитна (иако се најнебезбедни и изложени на булинг и насилство), туку истите ги претстави како ЗАКАНА ЗА БЕЗБЕДНОСТА на имагинарното стрејт дете“ напиша Славчо Димитров од Коалиција Маргини.

Тој реагираше на изјавата на министерката за образование дека ќе ја брише родовата еднаквост, родот, сексуалната ориентација и родовиот идентитет од Законите за основи и средно образование.

Тој додаде дека министерката подгорува параноја и паника за опасните квир деца и со тоа поттикнува насилство врз нив и параноидна агреса за заштита од имагинарниот непријател.

„Важно во меѓувреме децата ќе страдаат од сиромаштија и ќе се гушат од загаден воздух, во уништен образовен систем кој продуцира армии на неписмени млади“ напиша Димитров.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни