Слава на партизаните, антикорупција или викенд во Грција – Која е новата антифашистичка борба?

Зачувување на антифашистичкиот дух, оддавање слава и почит на делата на партизаните и хероите, но и незаинтересираност за борба против “новиот фашизам” поради разочараноста од државата е главниот сентимент на граѓаните кој се забележува при одговорите на онлајн-анкетата на Трн, со прашање „Што ќе направиш ти против фашизмот и екстремизмот овој 11 Октомври?“.

Како одговор на анкетата до редакцијата на Трн.мк пристигнаа 218 коментари, од кои 85 беа конкретни на темата.

Коментарите се генерално поделени помеѓу почитта кон антифашистичката борба, оддавањето слава на партизаните и потребата да се зачува антифашистичкиот дух и во модерниот контекст од една страна и незадоволството од современите политички процеси, разочараноста од институциите, цинизмот и апатијата од друга страна.

Голем дел коментари изразуваа незадоволство и критички ставови кон политичките лидери и прашањето на националната сувереност. Според дел од нив, корупцијата е „храна“ на „новиот фашизам“, поради што борбата против корупцијата треба да биде приоритет како борба против “новиот фашизам”.

Евидентен е бесот и разочарувањето од перцепираното изневерување на очекувањата и од недостатокот на вистинска иницијатива за заштита на националните интереси на новите генерации.

Овој 11 Октомври, ќе се спротиставиме на сите форми на фашизам и екстремизам кои ја загрозуваат нашата држава. Ќе ја критикуваме корупцијата и ќе се залагаме за нашите национални интереси, без да дозволиме други да го диктираат нашиот идентитет.“

Интересно е што во анкетата во голем дел доминираа и сатирични, иронични и хумористички одговори, инспирирани од разочараноста од државата и институциите. Овие граѓани во нивните одговори истакнуваа дека наместо борба против фашизам овој Октомври би правеле ајвар, скара или туршија, други одговорија дека ќа ја нападнат Грција за продолжен викенд, а имаше и такви кои одговорија дека на Фејсбук ќе се расправале со Бугарите бидејќи не нѐ признаваат.

Дел од граѓаните сметаат дека потребна е поголема лична одговорност и позитивен ангажман, односно лична акција за подобра иднина. Солиден дел од коментарите покажуваат подготвеност за акција и борба против фашизмот и екстремизмот, инспирирани од историските примери на антифашистичка борба.

Доколку се сублимира како заеднички одговорот на граѓаните кои се за акција може да се дојде до коментарот:

Ќе ја продолжиме борбата против фашизмот и екстремизмот со силна решителност, учејќи од историјата и ангажирајќи се активно во заедницата. Можеме да ги негуваме вредностите на слободата, мирот и сплотеноста за да изградиме подобра иднина за сите нас.“

Од граѓаните кои не се откажани и кои сакаат да се борат за иднината на Македонија се издвојуваат оние кои најавуваат борба за сплотување, разум и мир.

Нашата борба треба да биде за сплотување во мир и почитување едни кон други“, „Да градиме убава иднина за младите и убав живот за целиот македонски народ и за цела држава“,„Ќе ги повикам сите на разум бидејќи можеме да живееме заедно и убаво“, велат дел од граѓаните.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни