Слаткаристика со концерт во Станица 26

По спектаклот во Арената „Борис Трајковски“, Слаткаристика најавува уникатен концерт со урбан амбиент, „лице во лице“ со фановите.

По масовниот настап во Арената „Борис Трајковски“, Слаткаристика се враќа со нешто сосема ново – прв концерт во Станица 26, каде музиката ќе се случува буквално меѓу луѓето. Овојпат без голема сцена и бариери – само урбан амбиент, пулс и контакт „очи в очи“ со публиката.

Настанот носи свеж концепт во стилот на „Boiler Room“, со сценска поставеност која ја брише границата меѓу изведувачот и публиката. Публиката ќе биде дел од сцената, на чекор од Слаткаристика, во атмосфера на блискост и автентична енергија што ја дефинира неговата музика.

„Очекувајте ги сите најголеми хитови, изведени во амбиент што не сте го доживеале досега“ – најавуваат организаторите. Настанот ќе ги спои урбаниот звук, живата изведба и интимноста на клубски концерт што ја претвора вечерта во искуство, не во настап.

Билетите се достапни во ограничен број преку kupikarta.com.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни