СКРМ до Министерство за култура: Игнорирање на одлуки на Управни Одбори е тотален башибозук

Претходно денеска, СКРМ преку соопштение реагираше на неисплатени плати за месец мај во две установи од културата

Синдикатот на културата на Репбулика Македонија му одговори на Министерството за култура од каде Синдикатот беше обвинет дека шпекулира.

Претходно денеска, СКРМ преку соопштение реагираше на неисплатени плати за месец мај во две установи од културата, односно во НУ Универзална сала Скопје и Археолошкиот локалитет Стоби, вепувајќи го прстот кон Министерството.

“Почитувано” Министерство за култура игнорирање на одлуки на Управни Одбори е тотален башибозук! А кој шпекулира времето ќе покаже.

По објавата на Синдикат на културата на Република Македонија за неисплатените плати во две институции од културата, експресно беше изнуден допис од Министерството за финансии, кој не дава никаква правна основа зошто на овие две институции не им е исплатена платата согласно одлуките на Управните одбори, кои имаат законска сила. Во дописот се наведува дека Министерството за култура повторно треба да ги разгледа и преработи пресметките за плата во овие две институции, така што ќе кореспондираат со платите на останатите вработени во културата„ се наведува во соопштението на СКРМ.

Истовремно, Синдикатот упатува и неколку прашања до министерот и до министерството.

„Прашуваме дали Министерството за култура ги достави одлуките на Управните одбори до Министерството за финансии? Дали Министерството за култура го информираше Министерството за Финансии дека во моментот има над 700 тужби од вработени во културата токму заради претходните незаконски изготвени решенија и соодветно по истиот начин исплатени плати во СИТЕ 124 останати институции?

На кој начин Министерството за култура ќе ги принуди директорите на овие две институции да не ги почитуваат одлуките на Управните одбори и со тоа да преземат кривична одговорност? И конечно, дали Министерството за култура ќе ја признае сопствената грешка и ќе ги преработи платите на сите останати институции, така што ќе кореспондираат со платите во овие две институции? Министерот и понатаму е „зад сцената“ – очигледно повеќе му одговара улогата на сценарист во оваа приказна, отколку да ја одигра главната улога каква што се очекува(ше) во вакви моменти.Префрлањето на одговорност или “задкулисните дворски игри” се апсолутно и единствено на штета на културата, нејзините чинители и тие кои зависат од нив!

Tоа што се очекува од надлежните пред се’ е разум, почитување на работничките права, транспарентност меѓу министерствата и почитување на законските обврски и уставно загарантираните права!Решението во овој дебакл во културата не смее да биде игнорирање на Законот , ингнорирање на Колективниот договор за култура и Општиот колективен договор во јавен сектор, туку негово дословно спроведување“ велат од СКРМ.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни