Скриен конфликт меѓу два технолошки гиганти

„Епл тогаш не дозволи Фејсбук да функционира како ‘платформа во рамки на платформа’ на iOS уредите. Тоа значеше крај за FarmVille и сличните игри. Беше тоа тежок удар – игрите сочинуваа околу 20% од нашето работење и имаа голем развоен потенцијал“, изјави Закерберг.

Извршниот директор на Мета, Марк Зукерберг, за првпат отворено зборуваше за своето долгогодишно незадоволство од политиките на Епл, кои, како што тврди, директно го ограничувале развојот и приходите на Фејсбук.

Во интервју, тој се наврати на крајот на 2000-тите, кога независни програмери масовно развивале апликации и игри за Фејсбук. Меѓу најпознатите беше FarmVille, кој стана глобален хит и донесе значајни приходи за компанијата. Но, со растот на мобилните уреди и строгите правила на App Store, амбициите на Фејсбук беа сериозно поткопани.

„Епл тогаш не дозволи Фејсбук да функционира како ‘платформа во рамки на платформа’ на iOS уредите. Тоа значеше крај за FarmVille и сличните игри. Беше тоа тежок удар – игрите сочинуваа околу 20% од нашето работење и имаа голем развоен потенцијал“, изјави Закерберг.

Тој призна дека и самата Мета, поранешен Фејсбук, придонела за падот на тој екосистем со свои одлуки во раните 2010-ти – како укинување на одредени API функции и затворање на системот во име на заштита на приватноста на корисниците.

Сепак, конфликтот со Епл, според него, се продлабочил последниве години со воведувањето на нови строги правила за приватност и транспарентност во следењето на апликации – чекор што директно го погодил бизнис-моделот на Мета заснован на рекламирање.

Како најнов чекор во оваа тивка војна, Епл неодамна го претстави својот систем за вештачка интелигенција „Apple Intelligence“. Корисниците забележаа дека апликациите во сопственост на Мета – Фејсбук, Инстаграм и Ватсап – моментално не ја поддржуваат оваа функција. Иако од Мета официјално не се огласиле, дел од аналитичарите тоа го толкуваат како симболична одмазда кон Епл.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни