Скопје се гуши во својот смог, градот и советниците молчат

Tрн пред десетина дена побара од надлежните во Град Скопје, од кабинетот на градоначалничката, но и од сите советнички групи и советници во Градот одговори на прашањата поврзани со загадувањето. Се огласија само од „24 часа отворен град Скопје“ од каде велат дека Град Скопје константно превзема мерки за подобрување на квалитетот на амбиенниот воздух согласно законските прописи и согласно планските (стратешки) документи од областа на амбиентниот воздух.

Скопјани и утрово дишат загаден воздух. Според податоците од веб-страницата IQAir, Скопје утрово е втор најзагаден град во Европа, а шести во светот, со индекс на загадување од 173. Најзагаден град е Сараево, а по него следуваат Лахор, Делхи, Кувајт, Скопје, Каиро,Мумбаи, Катманду и Ријад.

Високите вредности на загадувањето, според експертите, имаат сериозен ефект на здравјето на граѓаните, особено во зимските месеци кога се зголемува употребата на горива и грејни тела.

Загадувањето на воздухот убива околу седум милиони луѓе

Податоците на Светската здравствена организација (СЗО) покажуваат дека загадувањето на воздухот убива околу седум милиони луѓе ширум светот секоја година. Девет од десет луѓе дишат воздух под стандардите на СЗО што содржи високо ниво на загадувачи. Земјите со низок и среден приход страдаат од најголема изложеност на загаден воздух. Извештите на Институтот за јавно здравје покажуваат дека годишно, во земјава се губат 3 828 смртни случаи кои можат да се припишат на изложеноста на тековните концентрации на РМ2.5 честички. Тоа изнесува 17.7 % од вкупната смртност во државата.

Мониторинг мрежата за квалитет на воздухот во земјава ја сочинуваат вкупно 22 мониторинг станици (од кои една мобилна и една рурална позадинска станица во Лазарополе), лоцирани во 14 градови во државата, распределени во 2 зони (Источна и Западна зона) и една Агломерација – Скопје (состојба 2023). Мрежата е управувана од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), Македонски информативен центар за животна средина (МЕИЦ).

Во еден од последните извештаи на ИЈЗ, анализиран е период од 2018 до 2020 година, (сите мерни станици ги мереа концентрациите на PM2.5 но, веќе во 2021 година сите мерни станици ги мерат концентрациите на PM2.5, PM10, NO2, SO2, CO и O3), идентификувани се бројни извори на загадување на амбиентниот воздух како што се: неефикасното согорување во ложиштата во домаќинствата, дотраените системи за централно греење, производство на електрична енергија во старите термоелектрани кои користат лигнит, сообраќајот и застарениот возен парк, несоодветното управување со отпадот и др.

Советниците молчат

Tрн пред десетина дена побара од надлежните во Град Скопје, од кабинетот на градоначалничката, но и од сите советнички групи и советнци во Градот одговори на прашањата поврзани со загадувањето. Се огласија само од „24 часа отворен град Скопје“ од каде велат дека Град Скопје константно превзема мерки за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух согласно законските прописи и согласно планските (стратешки) документи од областа на амбиентниот воздух.

„Ве информираме дека превземени се следните мерки за поддршка на граѓаните, а со цел заеднички придонес кон унапредување на квалитетот на амбиентниот воздух во градот Скопје: Субвенционирање на велосипеди,субвенционирање при чистење оџаци, субвенционирање при промена на грејни тела со инвертери, субвенционирање при промена на азбестни покриви, убвенционирање на јавниот превоз на лицата од ранливите категории, пензионери, ученици, субвенционирање на јавниот превоз за сите категории на граѓани при состојби на зголемено загадување“ велат од граот.

Покрај субвенциите спроведени се и следните мерки од страна на Град Скопје: заштита на зелените површини и нивно проширување и унапредување, интезивно чистење на улиците со машини кои ја отстрануваат уличната прашина, проширување на мрежата на велосипедски патеки, создавање на инфраструктура за користење на велосипеди, вело паркинзи, спроведување посебен сообраќаен режим за тешките товарни возила и користење на електрични и хибридни автомобили за потребите на администрацијата, како и надзор над инсталациите во надлежност на градот, инпекциски контроли на градилиштата, засилени инспекциски контроли на перифериите на градот каде има опасност од палење на отпад, стрништа и спречување на создавање на нелегални депонии.

Прашањето е зошто овие мерки не вродуваат со плод и Скопје и понатаму е на мапата најзагадени градови?

Согласно мерењата од официјалниот државен автоматски мониторинг систем концентрациите на  NOx, SO2, CO и О3 во Скопје се движат во дозволените граници, додека секоја грејна сезона проблем се зголемувањата на концентрациите на суспендирани честички.

Студијата за определување на уделите на различните извори на загадување во скопскиот регион која беше изработена од страна на надлежното министерство во 2016 година како дел од европски проект во кој учествуваше и Град Скопје, покажа дека за концентрациите на суспенираните честички  (PM10и PM2.5 ) секторот кој преовладува во испуштањето емисии е греењето во домаќинствата. Ова се потврдува и преку значителната варијација на концентрациите помеѓу зимските и летните месеци, велат од Градот.

Според студијата, горењето биомаса има удел од околу 30% во концентрацијата на суспендирани честички, но сепак уделот може да варира во различни делови од градот, на пример во области каде што најголемиот дел од домаќинствата се греат на дрва, постои голема веројатност уделот на биде поголем.

„Веднаш по греењето во домаќинствата вториот најважен сектор на емисии претставува сообраќајот. Студијата за определување на уделите на различните извори на загадување која се однесува на концентрациите на суспендирани честички покажува дека и прашината од почвата, улиците и тротоарите има голема улога, односно таканаречената улична прашина може да има влијание врз високите концентрации на PM10 особено во сувите периоди. Се проценува дека индустриските постројки за производство на енергија немаат значително влијание во емисиите во воздухот во Скопскиот регион, делумно поради ограничениот број вакви големи инсталации во Скопје и поради подобрената контрола на емисиите кај некои инсталации (на пр. престанок на употребата на мазут во топланите, изградба на хауба за спречување на фугитивните емисии на прашина). Градот Скопје на својата официјална веб страница ги има објавено сите Б-интегрирани еколошки дозволи кои се издадени на инсталациите во негова надлежност во делот на објави/Б- дозволи.“

Извори на загадување многу, решение ниту едно

Концентрациите на главните загадувачки супстанции не се стриктно и единствено поврзани со количеството на емисии. Локалните метеоролошки и топографски услови имаат силно влијание врз локалниот квалитет на воздухот во скопското подрачје, како и варијациите помеѓу зимските и летните месеци.

Студијата за пропорционирање на загадувачите на воздухот во градот Скопје која е изработена од страна на Универзитетот Гоце Делчев од Штип во 2021 година, уште еднаш го потврди она кое е претходно констатирано, дека не може да се посочи еден извор на загадувањето на воздухот во градот, ниту пак треба да се понуди само едно решение, но повеќе алтернативи кои би го подобриле квалитетот на амбиентниот воздух.

Сепак и покрај сите овие студии кои и градот ги потврдува, загадувањето не го добива заслуженото место за расправа, ниту пак се нуди решавање на проблемот, ниту од кабинетот на градоначалникот, ниту од советниците и Советот на Град Скопје.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни