Скопската група „Светлост“ со концерт и заеднички албум со Ken Vandermark и Paal Nilssen-Love

Во среда, 16 април, во Кино Фросина во МКЦ ќе се одржи концерт на скопскиот музички колектив Светлост, кои на сцената ќе настапат заедно со двајца познати имиња од светската џез сцена — американскиот саксофонист Ken Vandermark и норвешкиот тапанар Paal Nilssen-Love.

Настапот претставува дел од поширока соработка помеѓу домашното трио и двајцата интернационални музичари, а се очекува од соработката да произлезе и заеднички албум. Снимањето на материјалот ќе се одвива во Скопје, веднаш по концертот.

Овој проект се смета за еден од првите во кој македонска џез група остварува вакво ниво на соработка со светски признати уметници. И Vandermark и Nilssen-Love се веќе познати на домашната публика, најмногу преку нивните поранешни настапи на Скопскиот џез фестивал.

Светлост е колектив кој комбинира џез, ноиз и амбиентална музика, и е препознатлив по спонтаноста и експерименталниот пристап. Групата има објавено неколку албуми, меѓу кои “Odron Ritual Orchestra”, “Jazz (to the working class)”, “Six Years”, “A Wave Returns To The Ocean”, и најновиот “Everything Was As It Had Been a Minute”, издаден во почетокот на 2024 година.

Концертот започнува во 20:30 часот, а билетите се достапни на bileti.mkc.mk и на билетарата на МКЦ пред самиот настан.

Проектот е реализиран со поддршка на турскиот продуцент Can Inandim.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни