Податоците од платформата World Air Quality Index (WAQI) покажуваат дека Скопје повторно се најде меѓу најзагадените градови во регионот. Најголем дел од мерните станици денес регистрираат вредности од 150 до 180 AQI, што според меѓународната скала значи нездрав воздух за сите категории граѓани.
Најкритични се локациите околу Партиении Зографски, Центар, Карпош, Ѓорче Петров и Аеродром, каде концентрациите на PM2.5 честички се повеќекратно над дозволеното ниво. Овие вредности можат да предизвикаат симптоми и кај здрави лица, а особено кај деца, хронично болни и постари граѓани.
Стручните служби препорачуваат ограничено движење на отворено, избегнување физичка активност покрај прометни улици, користење маски со филтри и прочистувачи на воздух во домовите.
Македонија истовремено се наоѓа и високо на глобалната листа на загадување, каде моментално е рангирана околу 141. место, што повторно ја става во групата земји со висок ризик од загаден воздух.
