Пред скопјани и гостите на градот ќе настапат Каролина Гочева, Тамара Тодевска, Миле Кузмановски, Огнен Здравковски, Куку Леле, 2 Бона и други изведувачи, со концертна програма и живи настапи.
Градот Скопје најавува дека од 15 до 31 декември, секоја вечер од 18 часот, плоштадот ќе биде центар на музички и уметнички случувања, со диџеј-сетови и сценски изведби, додека викендите ќе бидат резервирани за детска програма и анимации.
Кулминацијата на празничната програма е предвидена за последните денови од декември. Централните настани започнуваат на 27 декември, кога напладне на плоштадот „Македонија“ е најавено и пристигнувањето на Дедо Мраз, а во програмата ќе се вклучат и средношколски бендови.
Извор: Рацин.мк
