Скопје осамна под првиот снег во новата година

Студениот бран продолжува и денеска, со снег во главниот град и засилен северозападен ветер во делови од земјата.

Во Скопје утрово падна првиот снег во новата година. Студениот бран што ја зафати земјата продолжи и денеска, при што врнежите од дожд во текот на ноќта и раните утрински часови преминаа во снег, вклучително и во пониските предели.

Според најавите, денеска времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од снег, додека во пониските места ќе има мешани врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен, а наместа и повремено засилен ветер од северозападен правец, со брзина поголема од 60 километри на час.

Во Скопје се очекува променлива облачност, а претпладне и повремени врнежи од снег. Ќе дува умерен, на моменти засилен ветер од северен правец, што дополнително ќе го засили чувството на студ.

Во петок се очекува краткотрајно смирување на временските услови, но за време на викендот повторно следуваат локални врнежи од дожд и снег. Најизразени се најавите за сабота, кога на одредени места врнежите може да бидат поинтензивни, а температурите да продолжат со опаѓање.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни