„Скопје дебатира, па танцува„ – Панел дискусија во Лабораториум

Како да се врати сјајот на ноќниот живот во Скопје и сцената што сè потешко опстојува?

На 3-ти Април во Лабораториум од 19:30 часот ќе се одржи панел дискусија предводена од Бојан Шашевски, Калина Качоровска, Маргарита Арсова и Ведрана Ѓорѓиевиќ. Дискусијата ќе биде врз основа на тоа како да се врати сјајот на ноќниот живот во Скопје и сцената што сè потешко опстојува.

Дискусијата ќе биде проследена со музика од NastasyaKish b2b Dimish, Libris b2b Prenga, Kronom b2b Modem Priest.

Влезот е слободен.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни