Скопје на 4-то место на листата на најзагадени градови

Скопје се разбуди како четврти најзагаден град во светот според концентрацијата на штетните ПМ2,5 и ПМ10 честички, покажуваат податоците на платформата AQI. Според индексот на загаденост, градот утрово се најде веднаш зад Лахор (Пакистан), Делхи (Индија) и Ханој (Виетнам), со воздух во категоријата „нездрав“.

Најновите мерења покажуваат дека концентрацијата на ПМ2,5 честичките изнесува 74,2 µg/m³, додека за ПМ10 честичките таа бројка достигнува 85,5 µg/m³ – шокантно ниво што ја надминува годишната препорака на Светската здравствена организација (СЗО) за квалитет на воздухот за дури 14,8 пати.

Освен Скопје, во регионот слично алармантни нивоа бележи и Сараево, кој го зазема шестото место на листата на најзагадени градови.

Според податоците од Министерството за животна средина, ситуацијата во Македонија останува критична, со високи концентрации на ПМ10 честички и во други градови како Тетово, Гостивар, Кичево, Битола, Струмица, Кавадарци и Куманово, каде ноќеска загаденоста надмина 50 µg/m³.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни