Македонската фудбалска репрезентација забележа скок од две места на ФИФА ранг-листата. Во моментов сме на 67. место на ФИФА листата, со вкупно 1,368 поени. Највисоката позиција на Македонија на ФИФА ранг-листата оваа година.
За тоа се заслужни двете победи на „рисовите“ над Летонија и Фарски Острови, кои се играа во рамките на последниот „прозорец“ од Лигата на нации.
Нашите момчиња успешно го завршија циклусот и ја остварија целта – се пласираа во Б сегментот и со голема веројатност си заслужија бараж за настап на следното Светско првенство.
Дали ќе успееме да добиеме место во баражот, останува да видиме откако ќе завршат регуларните мундијалски квалификации.