Скапоцените лекови ќе бидат бесплатни: Како Трамп ги опамети фармацевтските гиганти

Некои американски компании најавија попусти до 70 проценти за лекови против дијабетес, хепатитис Ц, мигрена и автоимуни заболувања.

Неколку големи американски и европски фармацевтски компании постигнаа договор со американскиот претседател Доналд Трамп доброволно да ги намалат цените на своите лекови на американскиот пазар.

Тоа се компании како што се Merck, Bristol Myers Squibb, Amgen, Gilead, GSK, Sanofi, Novartis, Boehringer Ingelheim и компанијата на Roche, Genentech.

За возврат, производителите добија тригодишен „мораториум“ на најавените царини на Трамп за фармацевтски производи, под услов да направат дополнителни инвестиции во производството на лекови во САД.

Бесплатни лекови

Еден од најзначајните потези го објави Bristol Myers Squibb, кој ќе го подари својот најпродаван разредувач на крв, Eliquis, бесплатно на корисниците на Medicaid.

Овие компании го сочинуваат мнозинството од 17-те фармацевтски гиганти до кои Трамп испрати писма во јули со барање за намалување на цените, како дел од таканаречената политика на „најповластена нација“, со која САД се стремат да ги поврзат своите цени на лековите со пониските цени во странство.

„Четиринаесет од 17-те најголеми фармацевтски компании се согласија драстично да ги намалат цените на лековите за американските пациенти. Ова е најголемата победа за достапноста на здравствената заштита во историјата на САД“, рече Трамп.

Иако сите детали од договорот сè уште не се објавени, познато е дека компаниите се обврзале да ги продаваат лековите по најниски цени за Медикејд, но и да гарантираат пониски цени за новите терапии. Исто така, дел од лековите ќе бидат достапни директно за пациентите преку новата платформа „TrumpRx“, која ќе започне во јануари.

Попусти до 70 проценти

Некои компании најавија попусти до 70 проценти за лекови против дијабетес, хепатитис Ц, мигрена и автоимуни заболувања.

Според податоците од истражувањата од 2024 година цените на американските лекови се во просек речиси три пати повисоки отколку во другите развиени земји, додека лековите со брендирани имиња се дури четири пати поскапи..

Сепак, фармацевтската индустрија предупредува дека овој модел не е долгорочно решение, додека Трамп вели дека целта е „да се запре глобалното субвенционирање на остатокот од светот на сметка на американските пациенти“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни