Сите патишта водат во Ниш: Студентите од Бујановац и Чачак пеш, а од Нови Сад и Ужице со велосипеди на протестот на 1 март

Во најголемиот град на југот на Србија на 1 март ќе се одржи нов студентски протест, на денот кога се одбележуваат четири месеци од падот на надстрешницата во Нови Сад, кога загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повредени.

Од различни страни, но со иста цел, бројни студенти од Србија тргнаа кон Ниш. Студентите од Факултетот за технички науки во Чачак, на западот на Србија, и нивните колеги од Бујановец, од југот на земјата, тргнаа вчера пеш кон Ниш.

Во најголемиот град на југот на Србија на 1 март ќе се одржи нов студентски протест, на денот кога се одбележуваат четири месеци од падот на надстрешницата во Нови Сад, кога загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повредени.

Називот на протестот „Студентски едикт“ е симболично поврзан со Миланскиот едикт на царот Константин Велики од 313 година, кој е роден во Ниш. Со него беше воведена еднаквост на религиите во Римското царство.

Протестот ќе трае 18 симболични часа, бидејќи 018 е повикниот број за Ниш, но истовремено и повик за промена која е потребна, пишуваат нишките студенти.

Студентите веќе три месеци ги блокираат факултети низ земјата и организираат протести како вид на притисок на властите да ги исполни нивните барања, а пред се, утврдување на кривичната одговорност за трагедијата во Нови Сад. Властите повторуваат дека нивните барања се исполнети, но студентите и нивните професори кои ги поддржуваат тврдат дека не е така и ги одбиваат повиците на високи функционери за разговор.

На протестот во Ниш тргнаа и група студенти од Нови Сад и Ужице, но тие ќе патуваат со нивните велосипеди. Студентите кои пешачат од Чачак ќе преноќат во Краљево. Со колегите од Краљево и Ужице, во вторник, на 25 февруари, ќе продолжат кон Трстеник, каде ќе ја поминат втора ноќ на патот до Ниш.

Во вторник ќе тргнат кон Ниш и студентите од Бор. Тие ќе пешачат со колегите кои претходниот ден пристигнале со автобус од Нови Сад.
Досега беа организирани неколку студенстски протестни пешачења. Прво студенти од белградските факултети пешачеа до 80 километри далечниот Нови Сад, а потоа белградски, новосадски, нишки, краљевачки, ужички студенти од различни правци пешачеле до Крагуевца на Сретење, на 15 февруари. Практично сите тие поминале околу 150 километри.

Група студенти од Зрењанинскиот Технички факултет „Михајло Пупин“ прешле близу 100 километри до Вршац за да учествуваат во големиот собир кој се одржа во неделата, на 23 февруари.

BBC News

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни