Сите патишта водат кон Нови Сад – финален дочек на студентите во Нови Сад

Студентите упатија повик до сите граѓани на Србија да се приклучат на 1 ноември во Нови Сад, каде ќе се одржи голем комеморативен собир по повод годишнината од несреќата на железничката станица
студенти/epa12492803 University students, joined by supporters, begin their march from Belgrade, Serbia, 30 October 2025. The student-led march is heading to Novi Sad for a major commemorative event on 01 November 2025, the first anniversary of the railway station canopy collapse that killed 16 people, sparking widespread protests demanding political accountability. EPA/ANDREJ CUKIC

Студенти од различни делови на Србија пристигнуваат во Нови Сад, завршувајќи го својот симболичен марш во чест на жртвите од трагедијата на железничката станица. Најупорните меѓу нив пешачеле 16 дена – по еден ден за секоја од 16-те жртви – тргнувајќи од Нови Пазар за да учествуваат на одбележувањето на годишнината од падот на надстрешницата во Нови Сад.

Нивните колеги од повеќе од 20 градови низ Србија им се придружија во изминатите денови, создавајќи бран на солидарност и поддршка кој ја крена целата земја на нозе. Во секое место низ кое минуваа, студентите беа пречекувани со аплауз, оган и ватромет – како симбол на благодарност и почит. Сега, Нови Сад се подготвува за големиот, финален дочек кој ќе се одржи вечер пред комеморативниот собир закажан за сабота.

Студентите вчера во Белград одржаа акција „17 минути тишина“ пред Високата здравствена школа во Земун – во спомен на 16-те жртви од несреќата и нивниот колега од школата кој го загуби животот во 2021 година.

Од таму, колоната се упати преку Батајница, Стара и Нова Пазова и Инѓија, каде што ноќеваа пред последната етапа до Нови Сад. Денеска, тие ја завршуваат својата долга и тешка шетња – патување што не е само физички подвиг, туку и потсетник на одговорноста, солидарноста и потребата трагедиите никогаш да не се заборават.

Студентите упатија повик до сите граѓани на Србија да се приклучат на 1 ноември во Нови Сад, каде ќе се одржи голем комеморативен собир по повод годишнината од несреќата на железничката станица, во која загинаа 16 лица, а едно беше тешко повредено.

Настанот, освен што претставува чин на сеќавање, е и порака дека младите не се рамнодушни – дека бараат правда, одговорност и безбедност за секој граѓанин.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни