Сирени во Полска поради руски дронови – еден влегол во Романија

Нова ескалација на источното крило на НАТО – Полска и Романија мобилизираа авијација откако руски дронови преминаа блиску до нивните граници.

Полска и Романија вчеравечер беа во состојба на зголемена готовност поради руски дронови кои навлегле во граничните региони за време на масовен напад врз украинската инфраструктура.

Во источна Полска, во Лублинската област, беа активирани сирени за воздушна опасност. Дел од граѓаните добија итни известувања за можна закана, а на аеродромот во Лублин привремено беше прекинат авионскиот сообраќај. Полската армија, заедно со НАТО сојузниците, подигна борбени авиони во превентивна операција.

Истовремено, Романија извести дека еден од дроновите влегол во нејзиниот воздушен простор. Како реакција, биле подигнати борбени авиони Ф-16, а населението во југоисточната покраина Тулча било предупредено да побара засолниште. Дронот бил следен до моментот кога исчезнал од радарите, околу 20 километри југозападно од селото Чилиа Веке.

Иако властите уверуваат дека леталото не минало над населени подрачја и не претставувало непосредна закана, ваквите инциденти покажуваат колку е кревка безбедносната состојба на источното крило на НАТО.

Нападите се дел од нова руска кампања против енергетската и транспортната инфраструктура на Украина, која според експертите има за цел да предизвика енергетски колапс пред зимата и да врши дополнителен притисок врз украинската одбрана.

Овој инцидент е уште една потврда дека државите-членки на НАТО кои граничат со Украина се сè повеќе директно засегнати од руската војна, иако Алијансата формално не е страна во конфликтот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни